Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „6“ во н.м Кадино

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „6“ во н.м Кадино

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „6“ во н.м Кадино, со што продолжува реализацијата на проектите за подобрување на локалната патна инфраструктура и условите за живот на граѓаните од сите населени места во општината.

Реконструкцијата опфаќа пат во должина од околу 350 метри и широчина на коловозот од 5 метри. Станува збор за траса која претходно беше оштетена при изведба на работи за поставување на примарна мрежа и приклучни краци на фекална канализација.

Во рамки на овој инфраструктурен зафат, претходно беше изградена фекална канализациона мрежа во вкупна должина од околу 3.500 метри, на која се приклучуваат приближно 100 домаќинства.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетните активности за реконструкција на улицата, при што истакна дека реализацијата на овој проект ќе придонесе за подобри и побезбедни услови за одвивање на сообраќајот во овој дел од н.м Кадино.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со интензивна реализација на инфраструктурни проекти, кои опфаќаат изградба и реконструкција на улици во сите населени места на територија на општината, со цел унапредување на сообраќајната инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email