Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Домот на културата во Текија добива нов, современ изглед

Домот на културата во Текија добива нов, современ изглед

Општина Илинден интензивно продолжува со реализацијата на програмата за реконструкција и уредување на домовите на културата, со цел создавање современи, функционални и пријатни простори за жителите. Во рамките на оваа значајна иницијатива, започна целосната реконструкција и санација на Домот на културата во населеното место Текија.

Предвидените градежни зафати опфаќаат темелна и сеопфатна обнова на објектот. На кровната конструкција ќе биде поставен нов пластифициран лим со силиконизирање, со што значително ќе се подобри заштитата и трајноста на објектот. Дополнително, ќе бидат поставени нови ПВЦ-врати, а внатрешноста ќе добие целосно обновена електрична инсталација.

Посебно внимание е посветено на уредувањето на ентериерот, каде што ќе се извршат глетување и молерисување на ѕидните површини, со што просториите ќе добијат свеж, уреден и современ изглед. Предвидена е и целосна санација на санитарните јазли, додека фасадата ќе биде темелно обновена, со што Домот на културата во Текија ќе добие нов, современ и репрезентативен лик.

При увидот во текот на градежните активности, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека вложувањето во домовите на културата претставува значајна инвестиција во локалната заедница и во квалитетот на животот на граѓаните.

„Обновата на домовите на култура има исклучително значење за развојот и унапредувањето на културниот и општествениот живот во нашите населени места. Создаваме убави, современи и функционални простори каде што граѓаните ќе можат да се собираат, да организираат културни настани, да се дружат и активно да учествуваат во животот на својата заедница“, истакна Георгиевски.

Финансиските средства за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Илинден, како дел од континуираните вложувања во подобрување на локалната инфраструктура и создавање поквалитетни услови за културен и општествен живот. Со ваквите вложувања, локалната самоуправа создава уредени, модерни и достоинствени места за културно творештво, дружење и заедништво, претворајќи ги домовите на културата во вистински центри на живиот локален и културен живот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email