Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Најуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во Охрид

Најуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во Охрид

Општина Илинден и оваа година ја продолжува традицијата на организирање летен училишен камп за најуспешните ученици од општинските основни училишта. Како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати, учениците престојуваат во Охрид, еден од најатрактивните туристички центри во државата.

Летниот камп се реализира во рамки на Програмата за работа на градоначалникот Александар Георгиевски и Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022–2026, со цел поттикнување на образовниот развој, мотивацијата и личниот напредок на младите.

За време на нивниот престој во Охрид, учениците ги посети градоначалникот Георгиевски, кој им честиташе за остварените резултати и им посака уште многу успеси во иднина. Во непосредна и пријатна атмосфера, тој истакна дека токму знаењето, трудот и истрајноста се вредности кои отвораат нови можности и заслужуваат да бидат препознаени и наградени.

Со ваквите проекти, Општина Илинден континуирано вложува во младите генерации, поттикнувајќи ги да се стремат кон нови знаења и достигнувања. Грижата за младите и нивниот развој останува еден од врвните приоритети на локалната самоуправа, која и во иднина ќе продолжи да создава можности за нивна мотивација, едукација и напредок.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email