Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Општина Илинден потпиша Меморандум за соработка со ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ за подигнување на свеста кај учениците за лицата со оштетен вид

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорката на Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“, Александра Јаковчевска, потпишаа Меморандум за соработка насочен кон унапредување на инклузивното образование и подигнување на свеста кај учениците од основните училишта за лицата со оштетен вид.

Најуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во Охрид

Општина Илинден и оваа година ја продолжува традицијата на организирање летен училишен камп за најуспешните ученици од општинските основни училишта. Како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати, учениците престојуваат во Охрид, еден од најатрактивните туристички центри во државата.

Градоначалникот Александар Георгиевски им додели признанија на најуспешните ученици

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги прими учениците од општинските основни училишта кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати на државни натпревари и освоија високи пласмани во различни области.

Во општина Илинден успешно реализирани интерактивни едукативни обуки

Општина Илинден, во соработка со Волонтерски Центар Скопје, реализираше серија интерактивни едукативни обуки наменети за различни категории граѓани. Активностите беа насочени кон унапредување на знаењата и вештините во повеќе значајни области, меѓу кои социјална и финансиска едукација, врсничко образование, родова еднаквост, недискриминација и јакнење на капацитетите на граѓанските организации.

Свечено испратена нова генерација идни првачиња од детската градинка „Гоце Делчев“

Во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во општина Илинден се одржа свечена приредба по повод испраќање на генерацијата дечиња кои од септември ќе ги започнат своите први училишни денови. Преку богата музичко-сценска програма, исполнета со песна и танц, дечињата ги претставија знаењата и вештините стекнати во градинката, испраќајќи порака на благодарност до своите воспитувачки и негувателки за […]

Одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“

Во чест на патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во н.м Миладиновци, се одржа пригодна свеченост со која беше одбележано делото и значењето на Браќа Миладиновци за македонската просвета и култура. По тој повод, свежо цвеќе пред бистата на Браќа Миладиновци положи делегација на Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, директорот […]

Општина Илинден домаќин на Државното првенство во женски фудбал и футсал за основни училишта

Во Општина Илинден свечено беше отворено Државното првенство во женски фудбал и футсал за основни училишта, во организација на Училишниот спортски клуб „БРАМИЛ“, Сојузот на училишен спорт Илинден, Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Општина Илинден. На првенството учествуваат осумте најдобри училишни екипи од државата, кои преку регионалните натпреварувања обезбедија пласман на завршниот турнир. […]

На прием кај градоначалникот на Општина Илинден претставници на проектот Еразмус+ од Шпанија

Градоначалникот Александар Георгиевски оствари прием со ученици и наставници од училиштето Иес Симон Перез од Шпанија, кои престојуваат во општина Илинден во рамки на проектот Еразмус+, што се реализира во соработка со ООУ „Гоце Делчев“. На средбата, градоначалникот Георгиевски им посака топло добредојде на гостите, истакнувајќи дека ваквите меѓународни образовни размени претставуваат значајна можност за […]

Целосно реконструирано игралиштето при ООУ „Ристо Крле“ во Мралино

Општина Илинден го пушти во употреба реконструираното повеќенаменско игралиште во населеното место Мралино, современ спортско-рекреативен терен кој значително го менува изгледот и функционалноста на просторот и создава нов центар за спорт, дружење и активен живот на младите. Во рамки на реконструкцијата извршена е целосна обнова на спортскиот терен, поставена е нова заштитна ограда, нови голови […]

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“

Учениците и наставниот кадар од ООУ „Гоце Делчев“ и оваа година со достоинство и почит го одбележаа патрониот празник на училиштето и 123-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Одбележувањето започна со традиционално положување свежо цвеќе пред бистата на патронот, со што симболично беше оддадена почит кон неговото дело и придонес во борбата за […]