ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО

Се известуваат граѓаните од населените места Миладиновци, Бујковци, Текија и Дељадровци дека на ден 30.07.2026 година (четврток), во периодот од 05:00 до 20:00 часот, ќе останат без вода за пиење поради дислокација на дел од главниот цевковод на водоводниот систем ОКТА, која ќе ја изведува фирмата Жикол ДООЕЛ заради проширување на наплатната рампа „Миладиновци“ од […]
Општина Илинден отпочна со изградба на фекална канализација за дел од н.м. Миладиновци

Деновиве започна реализацијата на капиталниот проект за изградба на фекална канализација во дел од населено место Миладиновци, во општина Илинден. Проектот предвидува изградба на примарна канализациска мрежа со краци и приклучоци во должина од околу 4.570 метри, која ќе биде поврзана со веќе постоечката пречистителна станица. Со тоа ќе се овозможи собирање, одведување и третман […]
Одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“

Во чест на патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во н.м Миладиновци, се одржа пригодна свеченост со која беше одбележано делото и значењето на Браќа Миладиновци за македонската просвета и култура. По тој повод, свежо цвеќе пред бистата на Браќа Миладиновци положи делегација на Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, директорот […]