Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Општина Илинден отпочна со изградба на фекална канализација за дел од н.м. Миладиновци

Општина Илинден отпочна со изградба на фекална канализација за дел од н.м. Миладиновци

Деновиве започна реализацијата на капиталниот проект за изградба на фекална канализација во дел од населено место Миладиновци, во општина Илинден. Проектот предвидува изградба на примарна канализациска мрежа со краци и приклучоци во должина од околу 4.570 метри, која ќе биде поврзана со веќе постоечката пречистителна станица. Со тоа ќе се овозможи собирање, одведување и третман на отпадните фекални води од домаќинствата.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, информираше дека со новата канализациска мрежа ќе бидат опфатени домовите во централниот дел на Миладиновци кои досега немале пристап до ваков систем. Тој нагласи дека вложувањето во комуналната инфраструктура е од особена важност за локалниот економски развој, но и за подобрување и заштита на животната средина, што директно влијае врз поквалитетен живот на жителите.

Изградбата на фекалната канализација претставува еден од приоритетните проекти на општината, а активностите ќе продолжат и во најниските делови од населените места. Со тековната фаза од проектот се предвидува приклучување на повеќе од 100 домаќинства, со што Миладиновци ќе добие целосна покриеност со фекална канализациска мрежа.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Новости
Денови за спорт на младите