Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Домот на културата во Текија добива нов, современ изглед

Општина Илинден интензивно продолжува со реализацијата на програмата за реконструкција и уредување на домовите на културата, со цел создавање современи, функционални и пријатни простори за жителите. Во рамките на оваа значајна иницијатива, започна целосната реконструкција и санација на Домот на културата во населеното место Текија.

Oдбележан патрониот празник на Општина Илинден – „Илинден 2-ри Август“

Со свечена програма на новиот парк-плоштад во населеното место Марино, Општина Илинден го одбележа патрониот празник – „Илинден 2-ри Август“. Голем број граѓани присуствуваа на одбележувањето на Денот на Општината, кое годинава помина во празнична атмосфера, исполнета со музика, заедништво и достоинствено чествување на еден од најзначајните датуми во македонската историја.

Се реновира Домот на култура во н.м Кадино

Општина Илинден продолжува со реновирање и санација на Домовите на култура, при што во тек се градежни активности во Домот на култура во населеното место Кадино, со цел значително да се подобрат условите за одржување на културни, општествени и јавни настани.

Со концерт на Јордан Митев и Антониа Гиговска ќе се одбележи Денот на Општина Илинден

Општина Илинден и оваа година со свечена програма ќе го одбележи Денот на Општината – „Илинден 2-ри Август“. Свеченоста ќе се одржи на 24 јули 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во н.м Марино.

Антониа Гиговска и Јордан Митев ќе настапат на одбележувањето на Денот на Општина Илинден

По повод одбележувањето на „Илинден 2 – ри Август“, Денот на Општина Илинден, на 24.07.2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во н.м Марино, Општина Илинден и оваа година подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани.

Општина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатства

Општина Илинден направи значаен чекор во унапредувањето на својата туристичка промоција преку изработка на современ 360° визуелен водич, реализиран во рамките на Договорот за соработка со „Македонија на дланка – Агенција за туризам и маркетинг“, носител на националниот проект „360° Визуелен водич – Македонија на дланка“.

Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“

Во чест на празникот на светите рамноапостоли Константин и Елена, денес во општина Илинден свечено беше одбележан патрониот празник на храмот „Св. Константин и Елена“. По тој повод, беше отслужена света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Епископот Дељадровско-Илинденски г. Јоаким. На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој со своето присуство ја […]

Во Општина Илинден се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“

Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, под покровителство на Општина Илинден и во организација на КУД „Гоце Марковски“. Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците, кои придружувани од звуците на зурли и тапани продефилираа од ПООУ „Гоце Делчев“ низ главната улица во н.м Илинден. […]