Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Општина Илинден започна нов проект за доградба на СОСУ „Илинден“

Во насока на континуирано унапредување на образовната инфраструктура и создавање современи услови за настава, Општина Илинден започна со реализација на нов капитален проект за доградба на Средното општинско стручно училиште „Илинден“.

Општина Илинден започна изградба на нова канализациона мрежа на крак од ул. „19“ во н.м Илинден

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните и унапредување на комуналната инфраструктура во сите населени места.

Заврши изградбата на новиот мост и улица 500 во Марино

Општина Илинден успешно ја заокружи реализацијата на значаен инфраструктурен проект во населеното место Марино – изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со што се отвора нова и современа патна врска меѓу населените места и се создава уште една важна алка во инфраструктурната мрежа на општината.

Изградба на нова линија за фекална канализација во Јака

Интензивно се одвиваат градежните активности за изградба на нова фекална канализациона линија на крак од улица „116“ во месноста Јака, Општина Илинден. Проектот предвидува изградба на канализациона мрежа во должина од околу 180 метри, со што ќе се создадат подобри услови за приклучување на 15 домаќинства.

Општина Илинден започна со изградба на нов парк во н.м Миладиновци

Општина Илинден продолжува со континуирано уредување и унапредување на јавниот простор, создавајќи современи, функционални и пријатни места за одмор, рекреација и дружење на граѓаните. Во таа насока започната е изградба на нов парк во населеното место Миладиновци, кој ќе биде уште едно уредено зелено катче наменето за сите генерации.

Општина Илинден започна со изградба на капела во рамки на локалните гробишта во м.в. Јака, Марино

Општина Илинден започна со изградба на капела во рамки на локалните гробишта во месноста викана Јака, во населеното место Марино. Станува збор за значаен инфраструктурен проект, кој за првпат обезбедува објект од ваков вид на територијата на oпштина Илинден.

Општина Илинден е во завршна фаза со изградбата на новиот плочест мост и сервисната улица „500“ во Марино

Општина Илинден е во завршна фаза од реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Во рамки на завршните градежни активности, започнато е поставување на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е […]

Започна изградба на ул. „3“ во локалната економска зона „Марино – Кадино“

Општина Илинден ја започна реализацијата на значаен инфраструктурен проект со отпочнување на изградбата на улицата „3“ во локалната економска зона во „Марино – Кадино“. Станува збор за капитална инвестиција која има за цел да ја подобри современата патна инфраструктура и да создаде поквалитетни услови за функционирање и развој на стопанството.

Општина Илинден започна со изградба на препумпен уред за фекална канализација во н.м Кадино

Општина Илинден продолжува со инвестициите за развој на комуналната инфраструктура, во чии рамки се започнати активности за изградба на препумпен уред за фекална канализација во населеното место Кадино.