Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните и унапредување на комуналната инфраструктура во сите населени места.
Во таа насока, започната е изградба на нова фекална канализациона мрежа на крак од улица „19“ во населено место Илинден, во вкупна должина од околу 540 метри. Со реализација на проектот ќе бидат создадени услови за приклучување на околу 80 домаќинства на канализационата мрежа, со што значително ќе се подобри комуналната инфраструктура и квалитетот на живеење на жителите во овој дел од општината.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека инвестициите во изградба и проширување на канализационата мрежа остануваат еден од приоритетите на локалната самоуправа, со цел обезбедување современа и функционална инфраструктура за сите населени места.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти за изградба и унапредување на комуналната инфраструктура, согласно потребите на граѓаните и предвидените развојни програми.