Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Градоначалникот Александар Георгиевски им додели признанија на најуспешните ученици

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги прими учениците од општинските основни училишта кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати на државни натпревари и освоија високи пласмани во различни области.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, избран за претставник во АРЛЕМ

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, е избран за претставник на ЗЕЛС во АРЛЕМ – Евро-медитеранското регионално и локално собрание, кое ги обединува локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и медитеранскиот регион. АРЛЕМ функционира во рамки на Комитетот на регионите на Европската Унија и претставува значајна платформа за дијалог, соработка и […]

На прием кај градоначалникот на Општина Илинден претставници на проектот Еразмус+ од Шпанија

Градоначалникот Александар Георгиевски оствари прием со ученици и наставници од училиштето Иес Симон Перез од Шпанија, кои престојуваат во општина Илинден во рамки на проектот Еразмус+, што се реализира во соработка со ООУ „Гоце Делчев“. На средбата, градоначалникот Георгиевски им посака топло добредојде на гостите, истакнувајќи дека ваквите меѓународни образовни размени претставуваат значајна можност за […]

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со претставници од делагацијата на Херцег Нови

Во просториите на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски оствари работна средба со претставници на Општина Херцег Нови, со цел воспоставување и унапредување на идната соработка во областа на културата и меѓународните односи.   На средбата присуствуваше началничката за култура од Општина Херцег Нови, Ана Замбелиќ Пиштало, придружувана од ликовниот уметник Ѓуро Лабурда, писателката Вишња Косовиќ, […]

Градоначалникот Александар Георгиевски оствари работна средба со Министерот Шабан Салиу

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со Министерот задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, Шабан Салиу. На средбата се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка и можностите за реализација на заеднички проекти од интерес на граѓаните. Беа разменети мислења и идеи за креирање политики и активности насочени кон подобрување […]

На посета кај градоначалникот Георгиевски делегација од Амбасадата на САД во Македонија

Во просториите на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски, одржа работен состанок со претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, на кој беа разгледани можностите за унапредување на меѓусебната соработка и поддршка во реализација на проекти од значење за локалниот развој. На средбата присуствуваа политичкиот службеник и заменик-шеф на Одделот за политички и […]

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски за првите 100 дена од новиот мандат

Во првите 100 дена од мојот нов мандат како градоначалник на Општина Илинден, покажавме дека довербата што повторно ни ја дадоа граѓаните значи уште поголема одговорност, посветеност и работа со јасна цел, континуиран развој и подобар квалитет на живот за граѓаните на Општина Илинден. Новиот мандат го започнавме со силно темпо во подобрување на патната […]

Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во […]

Градоначалникот Александар Георгиевски со хуманитарна и образовна поддршка за учениците и здруженијата

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, реализираше хуманитарна и образовна активност, при што на учениците на кои им е најпотребно им подари смарт таблети. Таблетите беа доделени на ученици од трите основни општински училишта, со цел да им се овозможат еднакви услови и непречено следење на наставниот процес […]