Почна изградба на кружен тек на влезот во општина Илинден

Општина Илинден отпочна изградба на кружен тек на влезот на Општината, кој е еден од ветените проекти од програмата на градоначалникот Александар Георгиевски. Станува збор за нов кружен тек на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8”  ,,9” и новопроектирана улица ,,10” на влезот во Илинден.

Црвени рози за жените од Општина Илинден од градоначалникот Александар Георгиевски по повод 8-ми Март

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, со црвени рози им го честиташе празникот 8-ми март на припадничките на понежниот пол во општинската администрација.

Локалниот совет за млади од општина Илинден одржа панел дискусија на тема „Младинско учество во процесот на носење одлуки во Парламентот и општините“

Денеска во просториите на Домот на култура во oпштина Илинден се одржа првата панел дискусија во организација на Локалниот Младиснки совет на Општина Илинден на тема „Младинско учество во процесот на носење одлуки во Парламентот и општините“.

Во Илинден започна реконструкција на пешачка патека во должина од 600 метри

Започна реконструкција на пешачката патека на улица ,,2”  во населба Илинден. Пешачката патека е во должина од 620 метри и широчина од 1,5 метри, која се протега од надвозникот на влезот во општина Илинден се до раскрсницата на улиците ,,8” и ,,9”.

Општина Илинден меѓу првите институции од Македонија како дел од европските проекти

Општина Илинден е една од првите институции од регионот која стана дел од европскиот проект “Зелени микро акредитиви: Долгорочна надградба и зајакнување на вештините на нискоквалификувани возрасни лица”. Проектот кој е дел од програмата Еразмус, започна да се спроведува од денес, при што се одржа првата меѓународна средба на која присуствуваше и градоначалникот на Општина…

Склучен договор помеѓу Општина Илинден и Државниот архив

За прв пат Општина Илинден склучи договор со Државниот архив, со кој ќе се врши средување, ставање ред на целокупниот архивски и документиран материјал со изминати рокови за негово чување и комплетна заштита на архивската граѓа.