Општина Илинден домаќин на меѓународниот турнир во џиу џицу „Скопје Опен 2022“

Спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден денеска беше домаќи  на меѓународниот турнир во џиу џицу „Скопје Опен 2022“ на кој настапија над 250 борци од Македонија, Германија, Словенија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Србија и Република Српска (БиХ).

Одржана трибина по повод годишнината од смртта на Војводата Васил Стојанов Аџаларски

По повод 113. години од смртта на Војводата Васил Стојанов Аџаларски, во Домот на културата „Илинден“, во организација на Здружението за чување и негување на македонската традиција „Македонски Аманет“, беше одржана трибина за ликот и делото на скопскиот војвода.

Одбележана 21-та годишнина од смртта на Драго Маневски,  македонски бранител и припадник на безбедносните сили

Со положување на свежо цвеќе пред спомен плочата на припадникот на македонските безбедносни сили Драго Маневски, Општина Илинден ја  одбележа 21-та годишнина од смртта на нашиот сограѓанин кој го положи животот во борба за татковината.