Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, направи увид на доградбата на ООУ „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности за изградба на новата училишна зграда во рамки на ООУ „Гоце Делчев“ во населба Илинден.

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 08.07.2026 год. (среда) со почеток во 22:30 часот, ќе се изврши второто терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Општина Илинден започна со реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“

Општина Илинден започна со реализација на проектот за реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден, како дел од континуираните активности за унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за спорт и рекреација.

Се асфалтира улица „6“ во н.м Кадино

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурните проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура, во рамки на кои деновиве се асфалтира улица „6“ во населеното место Кадино.

Градоначалникот на Општина Илинден на меѓународен работен состанок за поврзување и партнерство меѓу Општините

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на покана од Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог на Република Србија, учествуваше на работен состанок посветен на унапредување на меѓуопштинската соработка, воспоставување партнерства и иницирање збратимување меѓу градови и општини.

Започна изградба на ул. „6“ во локалната економска зона „Стопански комплекс – Илинден“

Општина Илинден започна со реализација на проектот за изградба на улица „6“ во локалната економска зона „Стопански комплекс – Илинден“, како дел од континуираните активности за унапредување на патната инфраструктура во економските зони на општината.

Нови линии улично осветлување на повеќе локации

Во рамки на иницијативата „Светла Општина Илинден“, Општина Илинден продолжува со модернизација на системот за јавно осветлување, при што во изминатиот период поставено е ново современо ЛЕД улично осветлување на повеќе локации со вкупна должина од околу 1.500 метри.

Општина Илинден започна иницијатива за примарна селекција на пластичен отпад

Во насока на заштита на животната средина и развој на одржливите практики за управување со отпад, Општина Илинден, во соработка со Центарот за климатски промени и ЈКП Илинден, започна со воспоставување систем за примарна селекција на пластичен отпад.

Во тек е поставување современо осветлување на фудбалскиот стадион

Општина Илинден продолжува со реализација на активностите за доградба и модернизација на фудбалскиот стадион во населба Илинден, со цел создавање современи услови за развој на спортот и организирање натпревари според највисоки стандарди.