Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Граѓаните активно учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2027 година

Граѓаните активно учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2027 година

Во насока на транспарентно, отчетно и одговорно работење, Општина Илинден организираше отворен ден со граѓаните за креирање на Буџетот за 2027 година.

Градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со претставници на општинската администрација, директорите на јавните претпријатија и образовните установи, како и членовите на Советот на Општина Илинден, оствари директна средба со граѓаните, на која беа презентирани идеи, предлози, иницијативи и приоритетни проекти за унапредување на квалитетот на живот во општината.

Сите доставени предлози и барања ќе бидат детално разгледани и анализирани од страна на стручните служби, а согласно финансиските можности и оправданоста на проектите, ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа и Буџетот на Општина Илинден за 2027 година.

Општина Илинден продолжува со активното вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки, со цел креирање буџет кој ќе одговори на реалните потреби и приоритети на локалната заедница.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email