Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Збогатен возниот парк на ЈКП „Илинден“ со нов камион кипер

Збогатен возниот парк на ЈКП „Илинден“ со нов камион кипер

Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во модернизација и унапредување на капацитетите на ЈКП „Илинден“, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на комуналните услуги за граѓаните. Во таа насока, возниот парк на комуналното претпријатие е збогатен со нов камион кипер, кој ќе придонесе за побрзо, полесно и поефикасно извршување на секојдневните работни активности.

„Новото товарно возило ќе се користи за утовар и транспорт на растителен и кабаст отпад, како и за превоз на различни материјали потребни за извршување на комуналните активности. Со неговата употреба ќе се овозможи поголема оперативност на екипите, поефикасно одржување на јавната чистота и јавните површини, како и навремено спроведување на активностите на територијата на општината.“ – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој изврши увид на возилото.

Со оваа инвестиција дополнително се зајакнуваат техничките капацитети на ЈКП „Илинден“ и се создаваат подобри услови за непречено извршување на комуналните услуги, при што Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со вложувања во современа опрема и механизација, со цел обезбедување поквалитетни услуги, почиста животна средина и поуредени јавни површини за сите граѓани.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email