Во Општина Илинден од 11 до 13 септември 2026 година ќе се одржи меѓународен фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2026”, кој е во организација на Фудбалската школа „Гроздановски“, а под покровителство на Општина Илинден.
На овој меѓународен фудбалски турнир кој ќе се одржи по четврти пат ќе учествуваат околу 222 фудбалски екипи од 13 земји во европа, додека од Македонија екипи ќе има од 17 градови. Фудбалските натпревари ќе се одржуваат на спортските терени во Илинден, Марино и Кадино.
Свеченото отворање на настанот е планирано да биде на 11 септември со почеток во 19:15 часот на фудбалскиот терен во Марино, додека групните натпревари ќе стартуваат истиот ден со почеток во 08:00 часот.
Општина Илинден ги поканува сите љубители на спортот да присуствуваат на оваа меѓународна фудбалска манифестација која се одржува по четврти пат во нашата Општина, а воедно упатува и апел со возачите да го почитуваат сообраќајниот режим кој ќе биде воведен додека се одржува манифестацијата.