Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Започна изградба на ул. „3“ во локалната економска зона „Марино – Кадино“

Започна изградба на ул. „3“ во локалната економска зона „Марино – Кадино“

Општина Илинден ја започна реализацијата на значаен инфраструктурен проект со отпочнување на изградбата на улицата „3“ во локалната економска зона во „Марино – Кадино“. Станува збор за капитална инвестиција која има за цел да ја подобри современата патна инфраструктура и да создаде поквалитетни услови за функционирање и развој на стопанството.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните работи, при што истакна дека проектот опфаќа целосна изградба на улицата во должина од околу 400 метри широчина од 7 метри. Во рамки на изградбата предвидено е да се изведе и систем за прифаќање на атмосферските води. Според него, оваа сообраќајница претставува една од важните инфраструктурни врски во рамките на локалната економска зона.

„Со изградбата на оваа улица ќе се обезбеди значително подобра пристапност, побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, како и поквалитетни услови за работа на стопанските субјекти кои се двигател на локалниот економски развој“, нагласи градоначалникот Георгиевски.

Новата сообраќајна инфраструктура се очекува да придонесе за полесна комуникација меѓу деловните капацитети, подобра логистичка поврзаност и поголема функционалност на економската зона, што ќе создаде дополнителни можности за економски раст и привлекување нови инвестиции.

Со реализацијата на овој значаен проект, Општина Илинден продолжува со својата амбициозна развојна политика, насочена кон модернизација на локалната инфраструктура, унапредување на деловната клима и создавање современи и конкурентни услови за работа во локалните економски зони.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО