Општина Илинден ја асфалтираше улица „6“ во локалната економска зона „Стопански комплекс – Илинден“, проект кој е дел од континуираните активности за подобрување на патната инфраструктура и создавањето подобри услови за развој на локалните економски зони на територија на општината.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во асфалтирањето, и потенцираше дека станува збор за улица во должина од околу 450 метри и широчина на коловозот од 6 метри.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски, станува збор за значајна сообраќајна врска во рамки на локалната економска зона, чија реализација ќе придонесе за подобра пристапност, побезбедно одвивање на сообраќајот и поефикасно функционирање на компаниите што работат во овој дел од зоната.
Со реализацијата на овој инфраструктурен проект, Општина Илинден продолжува со инвестиции во модернизација на локалната патна инфраструктура, обезбедувајќи поквалитетни услови за работа на стопанските субјекти и создавајќи подобри услови за севкупниот локален економски развој.