Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Градоначалникот на Општина Илинден на меѓународен работен состанок за поврзување и партнерство меѓу Општините

Градоначалникот на Општина Илинден на меѓународен работен состанок за поврзување и партнерство меѓу Општините

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на покана од Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог на Република Србија, учествуваше на работен состанок посветен на унапредување на меѓуопштинската соработка, воспоставување партнерства и иницирање збратимување меѓу градови и општини.

Настанот беше организиран со цел поттикнување на меѓународната соработка, јакнење на учеството на граѓаните во локалните процеси, промоција на демократските вредности и развој на партнерства меѓу локалните самоуправи во Европа. Состанокот се реализираше во рамки на Програмата на Европската Унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“, чија цел е зајакнување на демократијата, владеењето на правото, заштитата на основните човекови права и активно вклучување на граѓаните во општествените процеси.

На средбата учествуваа претставници на локалните самоуправи од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Учесниците имаа можност да разменат искуства, добри практики и идеи, како и да воспостават контакти за идни партнерства и заедничка реализација на проекти од заеднички интерес.

Со своето учество на вакви меѓународни состаноци, градоначалникот Георгиевски ја потврдува посветеноста на Општина Илинден кон развојот на меѓународната соработка, искористувањето на европските можности и создавањето модерна, развиена и европски ориентирана локална самоуправа, која ги следи современите европски и светски практики и континуирано работи на подобрување на квалитетот на живот на своите граѓани.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email