Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Општина Илинден пушти во употреба ново детско игралиште во н.м Марино

Општина Илинден пушти во употреба ново детско игралиште во н.м Марино

Во рамки на заложбите за унапредување на условите за квалитетен раст, развој и безбедно детство, Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на јавниот простор, при што деновиве во употреба беше пуштено ново современо детско игралиште во н.м Марино.

Со реализацијата на овој проект, најмладите жители добија нов и функционален простор наменет за игра, рекреација и дружење, опремен согласно современите стандарди за безбедност и квалитет. Новото детско игралиште е опремено со современи детски реквизити, меѓу кои детско катче со кула и лизгалка, двојна лулашка и клацкалка. За безбедност на најмладите поставена е заштитна ограда, површината е уредена со патека од бекатон плочки и ивичњаци, а поставени се и клупи со наслон и корпа за отпадоци, со што е обезбедена поголема функционалност и уредност на просторот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека изградбата на вакви содржини претставува значајна инвестиција во подобрување на условите за живот на граѓаните, особено на децата.

Со изградбата на ова детско игралиште, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата определба за создавање современи, безбедни и уредени јавни површини кои придонесуваат за поквалитетен живот на сите граѓани и создавање подобри услови за раст и развој на најмладите.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email