Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Северна Македонија

Општина Илинден

Соопштенија

Отворен ден со граѓаните на 28 ноември во просториите на Општина Илинден

Отворен ден со граѓаните на 28 ноември во просториите на Општина Илинден

Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2026 година, при што во текот на месец ноември граѓаните имаа можност да пополнат буџетски прашалник, да ги искажат своите идеи и предлози и да учествуваат во подготовката на новиот буџет.

За таа цел ги известуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица дека на 28 ноември (петок), со почеток од 14.00 до 18.00 часот, ќе се одржи отворен ден во просториите на Општината, каде активно и заеднички ќе го креираме буџетот.

Жителите на Илинден имаат можност да бидат дел од промените и креирањето на Буџетот во Општина Илинден со директно учество за подобрување на квалитетот на локалните услуги и условите за живот. Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните, затоа ваквата инклузивна можност воспоставува процеси на брзо и квалитетно решавање на проблемите на жителите.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email