Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО

Се известуваат граѓаните од населените места Миладиновци, Бујковци, Текија и Дељадровци дека на ден 30.07.2026 година (четврток), во периодот од 05:00 до 20:00 часот, ќе останат без вода за пиење поради дислокација на дел од главниот цевковод на водоводниот систем ОКТА, која ќе ја изведува фирмата Жикол ДООЕЛ заради проширување на наплатната рампа „Миладиновци“ од […]

Целосно реконструиран локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Општина Илинден успешно го реализираше капиталниот инфраструктурен проект за целосна реконструкција на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, со што значително се унапредуваат условите за сообраќај, безбедноста и локалната поврзаност.

Општина Илинден започна со асфалтирање на локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Општина Илинден започна со асфалтирање на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, проект од особено значење за подобрување на локалната патна инфраструктура и безбедноста во сообраќајот. Увид во градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека реконструкцијата на оваа делница претставува еден од приоритетните инфраструктурни проекти кој директно ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу населените места, […]