Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“

Учениците и наставниот кадар од ООУ „Гоце Делчев“ и оваа година со достоинство и почит го одбележаа патрониот празник на училиштето и 123-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Одбележувањето започна со традиционално положување свежо цвеќе пред бистата на патронот, со што симболично беше оддадена почит кон неговото дело и придонес во борбата за […]
СОСУ „Илинден“ е прво училиште во државата со маса за текбол

Општина Илинден продолжува со вложувања во развојот на спортската инфраструктура и унапредување на условите за младите, при што денес во спортскиот комплекс „Драго Маневски“ се одржа промоција на нова текбол маса. Воведувањето на текбол, како современа и сè попопуларна спортска дисциплина, отвора нови можности за учениците и младите да ја подобрат својата координација, концентрација и […]
Општина Илинден започна со изградба на нова канализациона линија на ул. „8“ во н.м Илинден

Општина Илинден започна со реализација на нов инфраструктурен проект – изградба на нова канализациона линија на ул. „8“ во населеното место Илинден со цел подобрување на комуналните услови за жителите. Новата канализациона мрежа ќе опфати вкупна должина од 130 метри и ќе се поврзе со веќе постојната фекална канализациона линија, која се влива во Фекалниот […]
„Експедиција низ срцето на Илинден 2026“ обедини стотици велосипедисти и планинари

Во Општина Илинден и оваа година успешно се реализираше традиционалниот спортско-рекреативен настан „Експедиција низ срцето на Илинден“, кој прераснува во препознатлива манифестација што обединува стотици љубители на спортот и природата од целата држава. Настанот, во организација на МТБ Илинден, а под покровителство на Општина Илинден, годинава евидентираше над 300 велосипедисти и повеќе од 150 планинари, […]
Општина Илинден во фокусот на регионалниот економски развој со „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2026“

Регионалниот саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2026“ со голем успех се реализира во општина Илинден и денес го заокружува тридневното издание, оставајќи силен впечаток како еден од најзначајните економски настани во регионот. Спортската сала „Гоце Делчев“ беше центар на интензивни деловни активности, каде над 70 компании од различни стопански сектори: индустријата, градежништвото, земјоделството, туризмот, […]