Веднаш по најавите за врнежи на снег, Општина Илинден  ја мобилизираше зимската служба, (ЈКП Илинден) која започна со активностите за чистење на снегот.

Изминативе два дена на терен е интервенирано со механизација и луѓе, каде се расчистуваше снегот од сообраќајниците, а посебни внимание е дадено на т.н. критични точки, како што се повисоките места, мостовите и надпатниците.

Продолжуваат активностите и во наредниот период за да овозможиме безбедно одвивање на сообраќајот во сите населени места.