Општина Илинден останува во фокусот на инвеститорите. Во локалните економски зоки секојдневно се отвораат нови стопански објекти, а постоечките ги прошируваат своите капацитети. Проширување на капацитетот направија две компании, Елмед, со доградба на индустрискиот објект за производство, сервисирање и складирање на индустриска опрема, како и компанијата JCS Bard Logistik со изградба на производствен погон со магацини на површина од околу 8000м².

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска присуствуваше на поставувањето камен темелник во двете компании, кој им посака успешно понатамошно работење. Меѓу другото тој додаде дека Општина Илинден има одлични услови за поволна бизнис клима, како за домашни така и за странски инвеститори. Интензивниот развој на економската инфраструктура, во делот на изградба на транспортна, комунална и енергетска инфраструктура во локалните економски зони во изминатиот период придонесе многу стопански субјекти да го почнат својот бизнис во општина Илинден, но и многу постоечки компании во општината да ги прошират своите капацитети.

И понатаму Општина Илинден останува отворена за сите домашни и странски компании, со цел отворање на нови работни места и поквалитетен живот на граѓаните.