Во Домот на култура „Илинден” во општина Илинден се одржа настан по повод одбележувањето на Март-месецот на бубрегот, во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани Ренална Поддршка-Кавадарци. Целта на одбележувањето е подигање на јавната свест за важноста на бубрезите.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој ја даде поддршката на овие наши сограѓани, а членовите од здружението ја раскажаа нивната приказна како и за потешкотиите со кои се соочуваат, особено за набавката на потребната терапија.

Членовите на Здружението наведуваат дека дијализата е најчесто застапен метод во нашата земја за третирање на крајниот стадиум на бубрежната болест. Тие додаваат дека болестите на бубрезите може да се превенираат и навремено да се откријат, затоа порачуваат редовно или еднаш годишно да се проверува функцијата на бубрезите, а тоа може да се направи кај матичниот лекар.