Детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден со завршна приредба испрати уште една генерација во прво одделение. Идните првачиња, кои од септември ќе седнат во училишните клупи, со песна и игра се поздравија со своите воспитувачки.

На завршната приредба присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој упати благодарност за вложениот труд на сите воспитувачи и вработени во оваа институција, а на идните првачиња им посака успеси во училишните клупи.

Со прекрасна сценографија и костимографија дечињата ја поведоа многубројната публика низ чудесно музичко патување, со што изнудија големи аплаузи од публиката.