Со завршна приредба детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден испрати уште една генерација во прво одделение. Со драмска претстава за Црвенкапа и волкот, песна и игра идните првачиња, кои од септември ќе седнат во училишните клупи, се поздравија со своите воспитувачки.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој присуствуваше на завршната приредба, упатува голема благодарност за вложениот труд на сите воспитувачи и вработени во оваа институција, а на идните првачиња им посакува успеси во училишните клупи.

Со прекрасна сценографија и костимографија дечињата ја поведоа многубројната публика низ чудесно музичко патување, со што изнудија големи аплаузи од публиката.