Општина Илинден ја продолжува реализацијата на проектот „Зелена Општина Илинден“ при што денеска во манастирскиот комплекс Дељадровци, беа засадени 30 декоративни високорастечки листопадни дрвца, донација од компанијата Џонсон Мети.

Во засадувањето на садниците учествуваа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, Владиката г. Григориј – митрополит на Кумановско-осоговска епархија, како и претставници од менаџментот од компанијата кои истакнаа дека спроведувањето на активности од овој вид, се од огромно значење за граѓаните на општина Илинден, преку кои се придонесува за поздрава животна средина и почист воздух.

Во акцијата беа вклучени општинската администрација, вработени од компанијата, како и вработените од ЈКП ,,Илинден”. Еколошките акции во рамки на проектот ,,Зелена Општина Илинден” се врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа, кои продолжуваат и понатаму да се спроведуваат на цела територија на општината.