Со изведбата на детската театарска претстава „Распеана турли тава“, денес, во Домот на култура „Илинден“ официјално започна традиционалната културна манифестација „Денови на културата 2026“ – „27. Литературна манифестација“, во организација на Општина Илинден.

Во кино салата на Домот на култура „Илинден“, најмладите посетители имаа можност да уживаат во веселата и едукативна претстава „Распеана турли тава“, во режија на Снежана К. Руси. Претставата беше проследена со голем интерес и позитивни реакции од децата, учениците и присутната публика, кои со внимание ги следеа настапите на актерите Борче Нацев, Снежана К. Руси, Софија Н. Трифуновска и Надица Д. Јовановска.

Општина Илинден продолжува со својата заложба за поддршка и афирмација на културата, литературата и уметноста, создавајќи простор за промоција на македонското творештво и поттикнување на младите генерации активно да учествуваат во културниот живот. Манифестацијата продолжува и во наредните денови со богата културно-уметничка програма.