Општина Илинден започна со изградба на нова пешачка патека на улица ,,2” која се протега преку надвозникот на влезот во Општината.
Новата пешачка патека ќе биде во должина од 350 метри, покрај патеката ќе биде поставена, нова сообраќајна сигнализација. Со изградбата на оваа пешачка патека ќе се овозможи безбедно движење на возилата и на пешаците кои го поминуваат овој пат, особено учениците кои во текот на учебната година се движат кон новото општинско основно училиште.
Увид во градежните активности денеска направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да инвестира во безбедноста на сообраќајот и унапредување на истиот, со што ќе бидат изградени дополнително нови пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места.