На влезот во Домот на култура „Илинден” поставена е спомен плоча на паднатите борци во Народноослободителната војна и револуција што ги даде населеното место Илинден од 1941-1945 година.

Станува збор за возобновување на спомен плочата која пред повеќе од десет години се наоѓаше во стариот Дом на култура „Илинден”.

Со возобновувањето на спомен плочата Општина Илинден ја покажува грижата за историското наследство и посветено низ работа и труд го потврдуваме заветот што ни го оставија нашите предци.