Општина Илинден започна со комплетна реконструкција на фудбалското игралиште во Миладиновци.
На игралиштето ќе се изврши реконструкција на теренот кој е со површина од 900 метри квадратни, исто така ќе се реконструира трибината, ќе биде поставено ново лед осветлување, ќе се изврши промена на заштитната ограда, ќе бидат поставени клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден, со што ќе се добие комплетно нов лик на овој спортски терен во Миладиновци.
Со реконструкцијата на фудбалското игралиште младите од Миладиновци ќе добијат комплетно реконструиран и убаво уреден простор каде во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.
Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.
