Во општина Илинден ќе се спроведе крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден” на 28.11.2025 година (петок) од 09:00 од 14:00 часот. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден ќе можат доброволно да даруваат крв.

Ги покануваме сите хумани жители на општината да го дадат својот несебичен придонес и да им помогнат на оние на коишто им е најпотребно!