Продолжува реализацијата на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.

Во рамките на овој проект деновиве нови линии на улично осветлување поставени се во повеќе населени места на територија на општина Илинден со вкупна должина од 1200 метри. Поставена е нова линија во Јака на улица „102“ во должина од 200 метри, во Миладиновци на улица „2“ во должина од 100 метри, во Илинден на улица „2“ во должина од 200 метри, Кадино на улица „3“ во должина од 250 метри, во Марино на улица „399“ во должина од 100 метри како и на улица „500“ во должина од 100 метри, во Ајватовци на улица „2“ во должина од 150 метри, во Бучинци на улица „1“ во должина од 50 метри, како и во Дељадровци на улица „2“ во должина од 50 метри.

Покрај активностите за поставување на нови линии за улично осветлување се врши и докомплетирање на постојните линии и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места при што се вградуваат нови.

Општина Илинден и ЈКП „Илинден” и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето на нови линии во сите населени места, со цел посветла Општина Илинден.