По повод националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август” во Општина Илинден се одржа уште една успешно спроведена крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден”. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело со дарување на крв.
Денешната крводарителна акција на која имаше голем одзив, ја посети и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Тој апелираше сите граѓани кои имаат можност, да дадат крв затоа што на тој начин се спасува нечиј живот.
На акцијата која почна во 10 часот и траеше до 14 часот собрани се околу 30 крвни единици. Кесите со собраната крв ќе бидат предадени на Институтот за трансфузиона медицина и ќе ја добијат оние кои имаат најмногу потреба од неа.