Во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден” се одржа крводарителна акција на која граѓаните од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело со дарување на крв.
Денешната крводарителна акција на која имаше голем одзив, ја посети и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој и самиот даруваше крв. Тој апелираше сите граѓани кои имаат можност да дадат крв затоа што на тој начин се спасува нечиј живот.
На акцијата која почна во 11 часот и траеше до 16 часот собрани се рекордни 80 крвни единици. Кесите со собраната крв ќе бидат предадени на Институтот за трансфузиона медицина и ќе ја добијат оние кои имаат најмногу потреба од неа.