Во рамки на воспитно-образовната програма во ООУ„Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение беа во посета на градоначалникот, Александар Георгиевски и локалната самоуправа.

Градоначалникот Александар  Георгиевски им посака топло добредојде и им  се заблагодари за посетата која имаше едукативен карактер.

За време на оваа едукативна посетата, учениците имаа доста интересни прашања кои беа упатени до градоначалникот и работата на локалната самоуправа. Во рамки на посетата  учениците на градоначалникот му подарија и рачно изработен подарок.