И оваа година во Општина Илинден за сите љубители на велосипедизмот се одржа Велосипедската трка „Трофеј Илинден“ во организација на Општина Илинден, а во соработка со Велосипедската федерација на Република Македонија, во должина од 100 километри.

На велосипедската трка која е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја земаа учество околу 70-тина професионални велосипедисти од цела држава во 6 категории: У-23, јуниори, жени, кадети, мастерс и елит.

На големо задоволство на љубителите на овој спорт од категоријата У-23 прв до целта стаса Димитар Јовановски, додека во категорија елит прв до целта стаса Никола Лефков, во категодија јуниори прв беше Андреј мацоски, категодија жени Елена Петрова, кадети Константин Костоски, мастерс Ивица Давидовски, У-13 мажи Христијан Николиќ а од жени Оља Цветанова и категорија У-15 Александар Ристовски и Антонија Маневска.

Велосипедската трка која беше од кружен карактер а стартната позиција од спортската сала ,,Гоце Делчев, се возеше кон општинската зграда, надвозникот во н. Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци,Текија, Миладиновци, Кадино, Марино и назад кон целта – сопртска сала ,,Гоце Делчев”.

Покрај професионалната трка се одржа и трката за рекреативци, на која со своите велосипеди учествуваа голем број љубители на велосипедизмот, особено млади велосипедисти. Во оваа рекреативна трка учествуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, како и пратеничката Драгана Бојковска, старт прозцијата беше од пред спортската сала ,,Гоце Делчев”, потоа се возеше кон Марино, назад кон Илинден, по улица ,,8”, нов кружен тек, улица ,,9” се до спортската сала ,,Гоце Делчев”.

Пригодни награди на најдобро пласираните како и жолти маички на победниците им додели покровителот на настанот, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, а Велосипедската федерација на Република Македонија на градоначалникот му додели плакета во знак на благодарност.