Во рамки на проектот „Отворен ден во твојата Општина“, денеска остварена нова средба со граѓаните, предлозите се значајни во креирањето на иднината на Општина Илинден, преку имплементирање на идеите за идниот развој, заеднички го изготвуваме новиот Буџет за 2023 година.

Општина Илинден е отворена и транспаретна општина, ги слушаме предлозите на граѓаните, тимски носиме рационални и издржливи одлуки за поквалитетен живот во сите населени места.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и денеска оствари поединечни и групни средби со голем број на граѓани во општината, заедничка цел е народните пари да се имплементираат во Буџетот, да се решаваат проблемите со кои се соочуваат жителите,  сите реално остварливи проекти и предлози  ќе бидат составен дел од програмата за работа.

Општина Илинден го слуша гласот на граѓаните, решавањето на проблемите е примарна задача во работата на локалната самоуправа, директното учество на граѓаните во проектот „Предложи ја твојата иднина“ е заедничка цел кон  креирање и  усвојување на граѓански буџет според потребите на жителите.