Отворена канцеларија на Црвениот крст во општина Илинден

Во просториите на Домот на култура „Марино“ во присуство на градоначалникот Александар Георгиевски и претставници на Црвениот крст на Македонија за прв пат во општина Илинден беше отворена канцеларија на хуманитарната организација Црвен крст.

Средба на градоначалникот на Општина Илинден и претседателот на Црвен крст

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со претседателот на Црвен крст на РСМ д-р Ромел Велев. За време на средбата се разговараше за продолжување на соработката во наредниот период, како и за тековните проекти на Црвениот крст кои ја промовираат солидарноста и меѓусебната поддршка на општинско ниво.