Пуштено во употреба мултифункционалното игралиште во Текија

Општина Илинден изврши целосна реконструкција на спортското игралиште кое се наоѓа во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија, каде од игралиште за мал фудбал сега е мултифункционално игралиште за фудбал, кошарка и ракомет, а дел од комплексот е и новото детско игралиште.

Општина Илинден домаќин на 28-те регионални спортски игри на пензионери

На спортските терени во Општина Илинден се одржаа 28-те регионални спортски игри на пензионери од првиот регион, во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, домаќин е Здружението на пензионери „Илинден“, а целиот настан е со поддршка на Општина Илинден.

Професионална Велосипедска трка „Трофеј Илинден“

И оваа година во Општина Илинден за сите љубители на велосипедизмот се одржа Велосипедската трка „Трофеј Илинден“ во организација на Општина Илинден, а во соработка со Велосипедската федерација на Република Македонија, во должина од 100 километри.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани граѓани, По повод спортската манифестација „Денови за спорт на младите во општина Илинден” , на ден 16 јуни (недела) 2024 година со време траење од 12:00 часот до 16:00 часот, Општина Илинден ќе организира Велосипедска трка во соработка со Велосипедска федерација. Настанот ќе има два дела и тоа велосипедска трка за рекреатвци и професионалци.…

Општина Илинден и годинава со финансиска поддршка за спортистите

И оваа година Општина Илинден објави Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на општина Илинден. Јавниот повик е наменет за спортисти жители на општина Илинден кои се натпреваруваат на олимписки игри, светско првенство, , европско, балканско и национално првенство без оглед на возраста и спортистот во сите категории, во…