По втор пат во Општина Илинден меѓународен фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2024 “

И оваа година Општина Илинден е домаќин на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2024“, такашто од денес до недела Општина Илинден ќе пулсира во духот на спортот. На спортските терени во Марино и Кадино се одржуваат фудбалските натпревари во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2024“. На турнирот учествуваат околу 160 европски, балкански и…

„ИЛИНДЕН КУП 2024“ во општина Илинден

Во Општина Илинден од 13 до 15 септември 2024 година ќе се одржи меѓународен фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2024”, кој е во организација на  Фудбалската школа „Гроздановски“, а под покровителство на Општина Илинден.

Пуштена во употреба атлетска патека и трибина во рамки на спортскиот комплекс „Драго Маневски“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски ја пуштија во употреба новата атлетска патека, која се наоѓа во рамки на новиот Спортски комплекс „Драго Маневски“, односно околу изграденото мултифункционално игралиште во близина на средното училиште во Илинден.

Игрдадба на ново детско и кошаркарско игралиште во Бучинци

Општина Илинден почна со изградба на ново детско и кошаркарско игралиште во населено место Бучинци. Во рамки  на детското игралиште ќе бидат поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи. Дополнително во рамки на детското игралиште се гради кошаркарско игралиште со бетонска…

Во општина Илинден се одржа 10-тиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2024“

Пред голем број љубители на спортот на спортскиот терен во населеното место Мршевци се одржа десеттиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2024“ на кој оваа година учествуваа 24 екипи со околу 250 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во 4 групи по 6 екипи во секоја група.

Реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Продолжува реконструкцијата на спортските игралишта во сите населени места на територија на Општина Илинден. Деновиве отпочната е реконструкцијата и на фудбалското игралиште за мал фудбал во населено место Бујковци.