Манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден “

На спортските терени во општина Илинден изминатите два дена се одржа спортската манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден”, на кои се натпреваруваа учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.

Пуштени во употреба спортските игралишта во ООУ Гоце Делчев

Со одржување на спортски натпревари во фудбал и кошарка беа пуштени во употреба спортските игралишта за фудбал, ракомет и кошарка во ООУ Гоце Делчев, во Илинден, кои во изминатиот период беа целосно реконструирани.

Пуштено во употреба ново спортско игралиште во ООУ „Ристо Крле“ – н.м Кадино

Општина Илинден продолжува со подобрување и унапредување на условите во образовните установи во сите населени места. Како дел од заложбите за подобрување на наставата по физичко образование и промоција на здрави навики меѓу младите, денес во дворот на Основното општинско училиште „Ристо Крле“ во Кадино беше пуштено во употреба ново, повеќенаменско спортско игралиште.

Финансиска поддршка за спортистите и оваа година во општина Илинден

Најдобрите спортисти од Општина Илинден и оваа година ќе добијат субвенции за постигнатите успеси. Општината и оваа година објави Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на општина Илинден. Јавниот повик е наменет за спортисти жители на општина Илинден кои се натпреваруваат на олимписки игри, светско првенство, европско, балканско и…

Општина Илинден отпочна со реконструкција на спортските игралишта во ООУ Гоце Делчев

Продолжува реконструкцијата на спортските игралишта во сите населени места на територија на Општина Илинден. Деновиве отпочната е реконструкцијата на спортските терени за фудбал, ракомет и кошарка во ООУ Гоце Делчев, во Илинден.