Доделени првите Решенија за финансиска поддршка за спортисти од општина Илинден

Во просториите на Дом на култура „Илинден“, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ги додели првите Решенија за еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на Општина Илинден.

Прогласени најдобрите екипи на меѓународниот фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2023 “

Во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2023“ кој се одржуваше во Општина Илинден изминатите три дена, денеска се одиграа финалните натпревари на спортските терени во Марино и Кадино. На турнирот имаше околу 1000 учесници од 120 екипи, од 50-тина европски, балкански и македонски клубови, деца на возраст од 8 до 12 години.

Во Општина Илинден се одржува меѓународен фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2023 “

Општина Илинден од денес до недела ќе пулсира во духот на спортот. На спортските терени во Марино и Кадино се одржуваат фудбалските натпревари во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2023“. На турнирот учествуваат околу 120 европски, балкански и македонски клубови со околу 1000 учесници деца на возраст од 8 до 12 години.

Општина Илинден започна со изградба на игралиште за баскет во Мралино

Општина Илинден продолжува со засилено темпо во изградба на спортски терени во повеќе населени места. Денеска започна изградбата на игралиштето за баскет кое се наоѓа до подрачното училиште Ристо Крле во населеното место Мралино, во должина од 15 метри и ширина 15 метри.

„ИЛИНДЕН КУП 2023“ во општина Илинден

Во општина Илинден од 15 до 17 септември 2023 година ќе се одржи меѓународен фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2023”, кој е во организација на  Фудбалската школа „Гроздановски“, а под покровителство на Општина Илинден.