Одржана конститутивната седница на Советот на Општина Илинден
Во свечена и позитивна атмосфера, денес се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Илинден, на која беа верификувани мандатите на петнаесетте новоизбрани советници, кои во наредниот период ќе ја претставуваат волјата на граѓаните. Со едногласна поддршка, за претседател на Советот на Општина Илинден беше избрана Светлана Слезенковска.






