Континуирана поддршка за учениците во СОСУ „Илинден“

Општина Илинден продолжува со вложувања во унапредување на образовниот процес и создавање современи услови за учење за сите ученици. Во таа насока, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на учениците во СОСУ „Илинден“ им додели 80 смарт таблети.

Општина Илинден потпиша меморандум за соработка со цел обезбедување на логопедски и дефектолошки услуги

Општина Илинден потпиша меморандум за соработка со Здружението за обезбедување на третман, застапување и унапредување на правата на лицата со попреченост „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“. Со потпишувањето на овој меморандум ќе се овозможи воспоставување нова социјална услуга во заедницата, која ќе опфати индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни потешкотии и деца со…

Општина Илинден со континуирани инвестиции во квалитетно образование

Општина Илинден и понатаму активно инвестира во подобрување на воспитно-образовниот процес. Со нови конкретни инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ во населените места Бунарџик и Кадино, Општината уште еднаш ја потврдува својата заложба за унапредување на образовниот процес и подобрување на условите за учење во сите делови на општината.

Општина Илинден за првпат воведува финансиска поддршка за првачиња

Општина Илинден, како една од општините со постојан демографски пораст и зголемување на наталитетот, продолжува со креирање конкретни мерки насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Во таа насока, за првпат се воведува финансиска поддршка за сите првачиња.

Градоначалникот Александар Георгиевски со хуманитарна и образовна поддршка за учениците и здруженијата

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, реализираше хуманитарна и образовна активност, при што на учениците на кои им е најпотребно им подари смарт таблети.

Во завршна фаза изградбата на централна кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во завршните градежни активности за изградба на нова централна кујна во рамки на детската градинка „Гоце Делчев“, објект кој наскоро ќе биде целосно ставен во функција.