Започна зимската идила „Патека на радоста“

Во рамки на новоизградениот парк-плоштад во населеното место Марино, вчера официјално започна новогодишната програма на „Патека на радоста“, реализирана под покровителство на Општина Илинден и во организација на неколку општествено одговорни компании.

Тони Зен и Пајак дел од новогодишните случувања во Општина Илинден

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Општина Илинден и оваа година, во соработка со општествено одговорни компании, ќе го организира традиционалниот Новогодишен базар, кој ќе се одржи на новоизградениот парк – плоштад во населеното место Марино.

Одбележан патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“

Во основното училиште „Ристо Крле“ во населеното место Кадино, заедно со подрачните училишта од Мралино и Бунарџик, во свечена и пријатна атмосфера беше одбележан патрониот празник на училиштето. Настанот изобилуваше со бројни активности преку кои учениците ја изразија својата креативност и љубов кон знаењето.

Одбележана Детската недела

Под мотото „Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство!“, најмладите ученици од основните училишта во општина Илинден ја прославија „Детската недела“ и станаа дел од Детската организација. На овој посебен ден, првачињата дадоа свечена заклетва, а нивните постари соученици им приредија културно-уметничка програма исполнета со пеење, глума, игра и заедничко другарување.

Со настап на Наум Петрески и Зуица Лазова свечено одбележан патрониот празник на општина Илинден “Илинден 2-ри Август“

Одбележан патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ со пригодна свеченост и настап на музички гости.

Одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден започна со Стенд ап комедија на Бојан Велевски

Во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден – „Илинден 2-ри Август“, беше организирана стенд ап комедија со еден од најпознатите македонски комичари, Бојан Велевски. Со насмевки и гласна смеа, настанот се одржа во амфитеатарот на Средното општинско училиште „Илинден“ и привлече голем број граѓани од сите возрасти.