Свечено одбележан патрониот празник на општина Илинден “Илинден 2-ри Август“
Со пригодна свеченост и настап на музички гости беше одбележан патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ.
Со пригодна свеченост и настап на музички гости беше одбележан патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ.
На ден27.07.2023 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска во својот кабинет ги прими македонските ѕвезди Панчо и Андреј од дуото ,,ДНК”, кои ќе настапат по повод одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден ,,Илинден 2-ри Август”.
Во присуство на голем број жители на општина Илинден, љубители на велосипедизмот се одржа Велосипедска трка во организација на Општина Илинден, а во соработка со Велосипедската федерација на Република Македонија, во должина од 100 километри.
На спортските терени во општина Илинден изминатите два дена се одржа спортската манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден”, на кои се натпреваруваа учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.
Во убавиот амбиент на амфитеатарот ,,Галерија на отворено” при Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден, се одржа меѓународниот детски фолклорен фестивал ,,Св. Троица”. Овој фестивал годинава се одржа по деветти пат, но за прв пат во општина Илинден, а многубројната публика имаше можност да ужива во прекрасните настапи на културно уметничките друштва од земјава…