Спортска манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден“

На спортските терени во општина Илинден изминатите два дена се одржа спортската манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден”, на кои се натпреваруваа учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.

Во општина Илинден се одржа Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Во убавиот амбиент на амфитеатарот ,,Галерија на отворено” при Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден, се одржа меѓународниот детски фолклорен фестивал ,,Св. Троица”. Овој фестивал годинава се одржа по деветти пат, но за прв пат во општина Илинден, а многубројната публика имаше можност да ужива во прекрасните настапи на културно уметничките друштва од земјава…

Се одржа манифестацијата ,,Ден на пченицата 2023” во општина Илинден

Под покровителство на Општина Илинден и Министерството за земјоделије, шумарство и водостопанство се одржа манифестацијата ,,Ден на пченицата 2023”. Настанот е во организација на компанијата ,,Агроунија” ДООЕЛ Скопје, а во присуство на бројни гости, земјоделски производители, претставници на институции,  се изврши обиколка на опитното поле во Илинден,  на микро, макро и компаративни опити на македонските…

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ на 3-ти јуни во општина Илинден

За прв пат  во општина Илинден ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св.Троица“, кој претходно има осум годишна традиција во Долно Лисиче.  Жителите на општина Илинден ќе имаат можност да се запознаат со сите гости на овогодишниот фестивал од соседна Бугарија, Србија, Косово како и неколку ансамбли од Скопје, КУД „Гоце Маркоски“ , АНПИ…

Завршна приредба на дечињата од детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден

Со завршна приредба детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден испрати уште една генерација во прво одделение. Со драмска претстава за Црвенкапа и волкот, песна и игра идните првачиња, кои од септември ќе седнат во училишните клупи, се поздравија со своите воспитувачки.

Со богата музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во општина Илинден

Учениците од ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Миладиновци го одбележаа патрониот празник на училиштето со богата музичка програма во име на среќата и безгрижната игра.